Осудено момчето кое го нарече Хари предавник на расата и повика на негово убиство

Полскиот тинејџер Михал Севчук член на неонацистичка група, кој го нарече принцот Хари предавник на сопствената раса, затоа што се омажил за американската актерка Меган Маркл и повика на негово убиство, е осуден на повеќе од четири години затвор, пренесе „Би-Би-Си“.

Михал (19) објавил фотографија на која насочил пиштол кон главата на војводата на Сасекс, и напишал „Ќе се видиме подоцна, предавник на расата“. Фотографијата ја објавил неколку месеци откако Хари се венчал со Меган, чија мајка е Афроамериканка, а татко ѝ е од белата раса.

Севчук со неговиот другар Оскар Дун Козоровски (18), двајцата од полска националност, ја признале вината за поттикнување на тероризам.

Двајцата се сметале супериорни од повеќето друштва и веруваат дека нивна должност е да ги изразат своите убедувања и да ги подучат другите“, изјавил Мартин Сноуден, детектив и лидер на противтерористичката полиција во североисточна Англија.

„Голем дел од материјалот кој го објавиле на социјалните мрежи, не само што ги одразува нивните екстремистички убедувања, туку и ги поттикнува другите да изведуваат еднакви вакви неумесни дела“, додал Сноуден.

Севчук е осуден на четири години и три месеци, додека Дун Козоровски добил 18 месеци затвор. Преку останатите објави на интернет, двајцата осуденици ги поддржале активностите на норвешко екстремно десничарскиот убиец Андрес Брејвик и неонацистичката група Соненкриг Дивисион.

Scroll to Top