Сексот со Шерон Стоун не беше ништо посебно, тврди сценаристот на „Основен инстинкт“

By

Американскиот писател со унгарско потекло Џо Естерхас (75), кој го напиша сценариото за филмот „Основен инстинкт“, откри дека имал секс со Шерон Стоун по премиерата на филмот. Тој вели дека сексот со популарната глумица не бил многу добар, а дека таа имала секс со него за да му се заблагодари за улогата што ѝ донела светска слава.

„Мило ми е што ја одведов во кревет. Не затоа што сексот беше многу добар, беше во ред, но ништо посебно, туку затоа што поради неа ја запознав љубовта на мојот живот, сопругата Наоми. Сексот со Шерон не ѝ значеше неа или на мене, беше за една вечер. Мислам дека таа само сакаше да ми се заблагодари затоа што го напишав најголемиот хит во нејзиниот живот. ‘Основен инстинкт’ беше најголемиот хит таа година во кината низ целиот свет. Мислам дека го заслужив тој подарок“, изјавил Естерхас.

Иако филмот предизвика внимание со отворената сексуалност, живописните секс сцени, насилство и силување, уште пред да излезе, еротскиот трилер „Основен инстинкт“ во 1992 година оствари огромна добивка од 352 милиони долари. Во филмот биле вложени 49 милиони долари.

 

Ќе ви се допадне