Шон Конери е најдобар Џејмс Бонд на сите времиња

Шкотскиот глумец Шон Конери е избран за најдобар Џејмс Бонд на сите времиња. Конери го избраа 14.000 луѓе во новата анкета на Радио Тајмс.

Преку систем на елиминации, Конери првин го победи Даниел Крег со 56 % до 44 %, иако Крег често беше избиран за најдобриот што ја одигра таа улогата. Пирс Броснан убедливо го победи Џорџ Лазенби, имаше 76 % од гласовите. Роџер Мур загуби од Тимоти Далтон – Мур доби 41 % од гласовите.

Во последната рунда Конери се натпреваруваше против Далтон и Броснан и освои 44 % од гласовите.

Конери е истовремено и глумецот што снимил најмногу филмови од серијалот, дури шест: „Доктор Но“ во 1962, „Од Русија со љубов“ во 1963, „Голдфингер“ во 1964, „Тандербол“ во 1965, „Живееш само два пати“ во 1967, „Дијамантите се вечни“ во 1971 и „Никогаш не вели никогаш“ во 1983 година.

Последен Бонд за сега е Даниел Крег, кој има снимено пет филма. Неговиот последен филм, „Нема време за умирање“, ќе има премиера на 12 ноември.

Scroll to Top