Том Харди се сели од Лондон оти го прогонува обожавателка

Светски познатиот глумец Том Харди го продава имотот во Лондон оти го прогонува обожавателка. Глумецот и претходно рекол дека сака да живее на помирно место и да ужива со семејството, па упорната обожавателка само ја забрзала преселбата. Тој сега планира да купи имот на село.

Сопругата на Том, Шарлот Рајли е бремена со нивното второ дете, а глумецот, во интервју за „Хелоу“ рекол дека таа е под постојан стрес заради обожавателката што не престанува да го вознемирува. Харди и Рајли се во брак од 2014 година, а во 2015 година се роди нивното прво дете.

Глумецот неодамна призна дека размислува да престане да глуми, а наместо тоа сака да почне да режира филмови.

Scroll to Top