Том Круз сите негови жени ги оставил на 33 години

Актерот Том Круз досега сите жени ги оставил или се развел од нив кога тие ќе наполнеле 33 години пишуваат светските медиуми. Засега не се знае дали станува збор за суеверие или чиста случајност.

Мими Роџерс била во брак со Том во периодот меѓу 1987 година и 1990 година, а таа го запознала Том со сајентологија и го навела да замине на советување. Тоа значи дека е квалификувана личност од сајентолошката црква, поставува неколку прашања и предлага методи на помирување блиски до учењата на црквата.

Подоцна на исто вакво советување морале да отидат и Никол Кидман и Кејти Холмс. Никол никогаш не станала сајтенолог затоа што е окарактеризирана како проблематична, а се зборува дека тоа и довело до разводот со Круз и крах на бракот кој траел од 1990 година до 2001 година.

Третата сопруга на Том, Кејти Холмс била со актерот во периодот од 2006 година, до 2012 година, а во тој период ја добиле и черката Сури Круз.

Некои извори тврдат дека односот на сајентолошката црква кон децата бил причина за развод меѓу Кејти и Круз. Актерката Леа Ремини откако излегла од сајентологијата, изјавила дека оваа заедница кон децата се однесува како да се возразни.

Децата за црквата се стари души во млади тела, кои и се вратиле на сајентологијата“, изјавила Ремини.

Тоа значи едка од мали тие мораат да работат за црквата. Исто така црквата ги приморува да зборуваат за тоа што нивните родители работат, зборваат по дома, односно да шпионираат.

 

 

Scroll to Top