(Видео) Сандра Булог сè уште има трауми од ноќта кога ѝ провалиле дома, мислев дека ќе умрам брзо

By

Актерката Сандра Булок во емисијата Red Table Talk рече дека порано била анксиозна и дека имала PTSP.S и дека со овие проблеми почнала да се бори уште во 2014 година, кога ѝ провалиле дома.

Освен тоа, проблемите настанале затоа што за кратко време нејзиниот посвоен син Луис имал епилептични напади и висока температура, па Сандра мислела дека ќе умре.

Неколку дена подоцна ја каснал и отровен пајак и тоа не било крај на проблемите. Таа рече дека потоа почнала да ја губи косата.

„Откако ми провалија дома, си реков дека ако не се извлечам од ова ќе умрам“, рече Сандра, која објасни и дека одела на психотерапија.

Актерката во текот на ноќите во 2014 година слушнала гласно чукање во нејзиниот дом. Таа станала да ја заклучи вратата од спалната соба.

„Ми провалија додека бев дома. Се криев во плакарот и си велев во себе дека ова нема добро да заврши“, рече Сандра, која додаде дека ѝ олеснило што нејзиниот син Луис не бил со неа таа ноќ.

Тој бил во куќата на неговата дадилка, која живеела во близина. По тој инцидент Сандра рече дека повеќе не сака ноќите да ги поминува сама.

„Оттогаш повеќе ниту една ноќ не беше иста. Се распаднав. Од таа вечер повеќе никогаш повеќе не можам да бидам сама“, рече Сандра.

Ќе ви се допадне

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Tokyo Ghoul Episode 12

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

4Anime The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants

4Anime Hunter x Hunter (2011) (Dub) Episode 141

english anime Death Note