За Божик кралицата пие коктели, a принцот Филип пиво

Сите членови на кралското британско семејство се големи љубители на алкохолот и секој од нив преферира свој тип на алкохол кој ќе го пие за новогодишните и божиќни празници, открива извор близок до Бакингемска палата.

„Кралицата Елизабета Втора за Божиќ обожава да пие коктели, додека нејзиниот сопруг принцот Филип, преферира пиво“, открива изворот.

Тој вели дека Елизабета пие исклучиво коктел наречен „заза“. Станува збор за мешавина од слатко француско црвено вино и џин, додека принцот Филип е страстен љубител на пивото, а омилено му е „Бодингтонс“.

Принцот Чарлс (71) претпочита вишновка, но нема да одбие ни мартини направен од џин и пелинковец. Неговите синови, принцот Вилијам (37) и Хари (35), уживаат да пијат пиво.

Сопругата на Чарлс, Камила (72), за време на божикната прослава пие џин-тоник, а војвотката Кејт Мидлтон (37) ужива во црвено вино. Но, покрај познатото „мерло“, таа сака да пие и виски „џек даниелс“.

Друго од правилата на ова семејство е задолжителното играње „шарада“ до полноќ. Никој не смее да се предаде и да отиде на спиење сè додека не добие дозвола од кралицата Елизабета Втора. Без разлика дали е уморен сите мора да издржат додека кралицата не ги прати на спиење.

Scroll to Top