„Буба“ испратена во историјата со маријачи-бенд

Со маријачи-бенд беше поздравен последниот производен автомобил „фолксваген буба“ во фабриката Пубела во Мексико. Производството на автомобилот кој беше симбол на нацистичка Германија и на поствоениот економски просперитет на земјата престанува да се произведува по 81. година.

Фабриката ќе продолжи да произведува други модели на компанијата, вклучувајќи го новиот теренец „тарек“, што ќе пристигне во втората половина на 2020 година.

„Денеска е тажен ден, сите бевме многу емотивни. Ова е крај на една ера, крај на автомобилот кој ги освои срцата на луѓето со своите специјални дизајн и квалитет“, изјави извршниот директор на „Фолксваген Мексико“, Штефен Рајхе.

По 21,5 милиони продадени примероци, оригиналната „буба“ престана да се произведува во 2003 година, но таа претходно веќе беше заменета со „нова буба“, чија втора генерација излезе во 2011.

Последните примероци ќе се продаваат само на „Амазон“, а последниот произведен ќе се чува во музејот на „Фолксваген“ во Пуебла.

Scroll to Top