„Фејсбук“ лансира своја криптовалута

Компанијата „Фејсбук“ денеска ги претстави плановите за лансирање на сопствена криптовалута под името „Либра“. Од компанијата велат дека имаат намера да ги прошират своите активности и надвор од социјалните мрежи и да зачекорат во секторот на е-трговијата и глобалното плаќање.

„Фејсбук“ исто така основал и подружница под името „Калибра“, која ќе нуди услуги од типот на чување, испраќање и трошење на дигиталните монети и криптовалутата „Либра“. „Калибра“ ќе биде приклучена на платформата на „Фејсбук“ за размена на пораки со „Месенџер“ и „ВатсАп“, кои веќе имаат над милијарди корисници.

Калифорниската компанија има големи планови за „Либра“, но е загрижена за приватноста на потрошувачите или регулаторната бариера која може да претставува значителна пречка. Акциите на Фејсбук во електронското тргување на берзата во САД се најтргувани. Тие забележале скок од 2,6%, односно цена од 194 долари.

Scroll to Top