И познатите не се имуни на модни катастрофи!

Иако зад себе најчесто имаат цел тим на стилисти, сепак и познатите знаат да згрешат со изборот на модната комбинација. Без разлика дали станува збор за намерен ризик чија цел е да ја шокира публиката и да се доведе себеси во центарот на вниманието, или пак навистина се работи за несреќен моден избор – сепак ни познатите не се имуни на катастрофални избори на аутфитот.

Во продолжение ве чекаат модните промашувања на познатите, кои едноставно не можеме да ги заборавиме.

1. Никол Кидман

Модните стилисти на Никол Кидман како да не можат да се одлучат: во еден момент е барбика во розев фустан на доделувањето на Златните Глобуси, а после тоа изборот паѓа на строго одело искомбинирано со интересна кошула, богата со карнери. И едниот и другиот аутфит предизвикаа бројни коментари.

Двете комбинации придонесуваат Никол да делува постаро.

2. Ирина Шајк

Непишано правило е дека супермоделите треба да ги засенат сите останати на секој свечен настан. Сепак, нејасно е зошто модните стилисти на Ирина Шајк, често бирале сосема да ги сокријат нејзините најдобри атрибути.

Голотијата, секако никогаш не е во тренд. Но сепак, богатите карнери кои се протегаат до земја, потполно ја проголтале преубавата Ирина.

Модните правила наложуваат дека кројот на фустанот би требало да ја прати линијата на телото. Во спротивно се постига изгледот на диспропорционалност.

3. Џулиен Мур

Без разлика каква линија на тело имате, ако се крие под безобличните силуети на фустани, нема да останете забележена. Во овој случа, Мур два пати се појавила во аутфит кој потполно ја сокрива.

Иако актерката и понатаму делува феноменално, сепак стилистите се одлучиле нејзината беспрекорна линија да ја сокријат од очите на јавноста.

Доколку сте љубител на бохо стилот, водете смета дека модната комбинација сепак во одредена мера ја прати вашата линија. Додадете интересен појас.

4. Салма Хајек

Нејзе ја краси несекојдневната и егзотична убавина. На нејзиниот изглед воглавно не му е потребно мноштво додатоци, карнери, светки. Сепак, изборот на нејзините стилисти паднал на комплицираните фустани, кои помалку ја сокриваат убавината на Салма.

Актерката не престанува да фасцинира со својата совршена линија и беспрекорниот тен. Додатоците ѝ даваат личен печат на секоја комбинација, но премногу детали даваат впечаток на пренатрупаност.

5. Блејк Лајвли

Актерката, најверојатно, варира во стилот – од премногу опуштена до премногу крута. Во овој случај, станува збор за изборот на палтото. Парчето облека кое изгледа како да е распарано и се распаѓа, би требало внимателно да се искомбинира со останатиот дел од аутфитот. Во спротивно, се стекнува впечаток за неуреден и помалку запуштен стил.

Од друга страна, високо струкираното палто, особено еднобојното, дава впечаток на униформа.

Убавината на Блејк е беспрекорна, но нејзините модни избори понекогаш се збунувачки.

6. Канје Вест и Ким Кардашијан

За крај го оставиме популарниот пар – Канје Вест и Ким Кардашијан. Иако воглавно очите се насочени кон раскошните облини на Ким Кардашијан, сепак Канје Вест и тоа како има свои моменти. Аутфтот кој е сочинет од одело без кошула, зачинето со инетерсен накит и чудни папучи кои ги облекол врз чорапите. Верувале ли не, овие папучи по модното фијаско станале многу барани.

Неговата сопруга Ким изненади со изборот на костимот за капење. Имено, избрала едноделен костим од модната куќа Шанел. Костимот е припиен и ја истакнува нејзината линија, но сите се запрашавме зошто не се одлучила за регуларен бикни.

Следењето трендови е симбол за модна освестеност. Сепак, некои модни парчиња би требало да се сочуваат исклучително за модните писти.

Scroll to Top