Иако ги почитувала мерките, се заразила со корона, без трансплатација на белите дробови немала да преживее

Мајра Рамирез е 28-годишна Американка, која вели дека се заразила со опасниот коронавирус иако ги почитувала сите мерки на претпазливост. Кога завршила во болница, лекарите ѝ соопштиле дека без трансплатација на белите дробови шансите за живот ѝ се речиси никакви.

Мајра на 26 април била донесена во болница со итна помош. Таа имала само неколку минути да го повика семејството пред да почне нејзиното мачно искуство.

„Се сеќавам само дека се обидуваа да ме заспијат пред да ме интубираат. А потоа почнаа за мене шест недели ноќна мора“, изјавила таа за Си-ен-ен.

„Често сонував дека се давам, веројатно затоа што не можев да дишам“, се потсетува Мајра.

Коронавирусот го уништил до тој степен нејзиното тело што белите дробови биле неповратно оштетени, а другите органи почнале да ѝ пропаѓаат. Кога поминала еден месец на респиратор, нејзиното семејство стигнало од Северна Каролина за да се поздрават со неа.

Лекарите не ѝ давале преголеми шанси дека ќе успее да преживее. Сепак, постоела една опција за да ѝ се спаси животот. Лекарите велат дека тоа било двојна трансплантација на белите дробови.

„Без таквата трансплантација, немаше да преживее“, изјавила доктор Анкит Бхарат, официјален претставник на торакалната хирургија во Чикаго.

Таа додала дека Рамирез имала повеќекратни компликации поврзани со вирусот. Фактот дека Мајра била млада и здрава ја правела добар кандидат за ретката интервенција.

„Гледав во себе и не можев да го препознам моето тело“, изјавила Рамирез кога се разбудила во болницата.

„Не можев да разговарам, едвај го подигнував прстот, не можев да се помрднам. Имав силни болки и бев страшно загрижена и збунета“, вели Мајра.

Рамирез сега е првата Американка што ја минала оваа постапка по борбата со коронавирусот, се наведува во соопштението од болницата. Од тогаш минале речиси два месеца, а Мајра денес целосно закрепнала и е пуштена на домашно лекување.

Таа вели дека и понатаму се чувствува слабо и дека има тешкотии со дишењето. Таа е една од 4,6 милиони Американци што се заразени со коронавирус. Најмалку 154.860 од луѓето во САД се починати од опасната зараза.

„Ова не е измама. Овој вирус е реален и јас го почувствував на моја кожа“, изјавила Мајра.

Scroll to Top