Изградбата на Саграда фамилија во Барселона нема да заврши ни до 2026 година

By

Познатата катедрала Саграда фамилија во Барселона нема да биде готова до 2026 година, потврди одборот кој управува со недовршената базилика на Антони Гауди.

dobivaj vesti na viber

Базиликата, поради пандемијата беше затворена скоро девет месеци, а во тој период немаше ни градежни работи. Управителите на катедралата се надеваат дека сега повторно ќе се обнови главниот извор на приходи, оти изградбата на катедралата се финансира главно од туристички такси.

„Предвидувавме дека работите ќе завршат во 2026 година. За жал, тоа нема да биде можно. Тоа би можело да биде во 2030, 2035, 2040 година. Би лажел ако кажам прецизен датум“, вели генералниот директор на Саграда фамилија, Хавиер Мартинес.

Гауди работел на модернистичката структура од 1889 до неговата смрт во 1926 и изградбата во неколку наврати била стопирана на подолго време. До декември оваа година треба да се доврши една од 18-те кули, висока 138 метри.

Во 2019 година, кога базиликата ја посетиле 4,5 милиони луѓе, во нејзината изградба биле вложени 60 милиони евра. Следната година биле собрани само 15% од овие приходи.

Ќе ви се допадне