Кучињата на Лоба и Гиговска имаат „Инстаграм“

По теркот на некои светски ѕвезди, пејачките Антониа Гиговска и Викторија Лоба им отворија инстаграм-профили на своите миленици.

Антониа подолго време го има кокер шпаниелот Боно. Таа освен што на својот профил постојано споделува видеа со него, некои од фотографиите и видеата ги става и на профилот bonothecocker, каде што има преку 500 следбеници.

За разлика од неа, Лоба има куче малку повеќе од еден месец. Таа преку инстаграм неодамна ги праша своите следбеници дали да ѝ отвори профил на Маша, а повеќето ѝ одговорија потврдно. Кучето на Викторија, masha_baby_pom, има 200 следбеници.

Scroll to Top