Маж има 39 жени, 94 деца и 34 внуци, сите живеат во една куќа

Зион Чана за себе вели дека е „најбогат човек на светот“ оти има 39 сопруги, 94 деца и 34 внуци со кои живее во куќа на 4 ката. Тој предводи локална христијанска секта која одобрува полигамија. Неговото семејството живее во изолирано село на границата меѓу Бурма и Бангладеш.

Зион во секој момент покрај себе има барем седум жени. Тој во една година успеал да се ожени дури десет пати. Во куќата кај што живеат има 100 соби. Иако во куќата живеат четири генерации, нивниот број постојано расте.

„Дури и денес сум подготвен да го ширам семејството, а размислувам и пак да се оженам“, вели Чан.

Неговите жени делат спална соба. Синовите со нивните жени имаат посебни простории. Сопругите ја водат кујната, ќерките се задолжени за хигиена, а мажите за земјоделство и сточарство.

„Се чувствувам како Бог. Имам толку луѓе за кои се грижам и се сметам за многу среќен човек“, додава Чан.

 

Scroll to Top