Момче побара за сопруга стујардеса, авиокомпанијата ја отпушти

Кинеска авиокомпанија отпушти стјуардеса оти момчето ја побарала за сопруга за време на летот, додека таа работела. Според кинеските медиуми, момчето ја побарало за жена брзо по полетувањето на авионот. Стјуардесата прифатила, а патниците во авионот ракоплескале и им честитале. Неколку од нив го снимиле чинот и видеото го споделиле на социјалните мрежи.

Сепак, од компанијата ѝ дале отказ, велејќи дека во тие моменти таа не се грижела за удобноста и безбедноста на патниците, што е нејзина работа. Кинеските медиуми пишуваат дека стјуардесата ќе ја тужи авиокомпанијата и ќе си ја бара работата назад.

 

Scroll to Top