Му го пресекла пенисот на сопругот затоа што не сакал да има секс со неа

Жена од Уганда му го пресекла пенисот на својот сопруг, откако тој одбил да има секс со неа. Мажот сакал да ја казни својата сопруга, затоа што непрекинато пиела, пренесува „Дејли Мејл“.

Мојси Окота сведочел дека неговата сопруга Битрис Акен, на 30 јуни вечерта откако пристигнала дома, побарала од својот сопруг да имаат секс. Тој се вратил од лов и легнал да спие. Кога се разбудил забележал крвта на своите панталони.

Окота верува дека неговата сопруга ова го направила затоа што тој не сакал да спие со неа, затоа што таа има проблеми со алкохолот.

„Како човек, јас повеќе не можев да толерирам такво однесување, па одлучив да и го скратам задоволството, со надеж дека таа ќе се промени“, изјавл Окота.

Ова не е првпат Битрис да биде насилна кога сопругот одбил да спие со неа. Мештаните велат дека минатата година, таа му ја скршила клучната коска и дека побегнала.

Окота ја пријавил во полиција, а потоа бил однесен во болница, каде сеуште се наоѓа на лечење. Насилството во семејството претставува голем проблем во Уганда, велат владините служби во оваа земја.

 

 

 

Scroll to Top