Наставник добил отказ оти им рекол на првачињата дека Дедо Мраз не постои

Наставник од Њу Џерси кој им кажал на првачињата дека Дедо Мраз не постои, добил отказ од училиштето во кое бил на привремена работа. Наставникот, чие име не се соопштува, им кажал на децата и дека велигденскиот зајак не е реален, а и дека прасето Пепа е измислен лик.

Окружната училишна началничка, Рене Ровтар потврдила дека наставникот повеќе нема да работи во тоа училиште. Таа за медиумите рекла дека ја разбира важноста на детската илузија и мечтаењата, па на „Твитер“ објавила слика со Дедо Мраз и напишала „Јас верувам“.

Scroll to Top