Неделен хороскоп од 22 до 28 јули

Овен

Моментално не сте во можност да го избирате тимот и колективот, па ќе морате да бидете пофлексибилни. Ќе се исплати трпението. Ако сте слободни, можете да запознаете интересна личност преку пријателите. Ова е интересна недела за љубов. Грбот ви е слаба точка.

Бик

Оваа недела планетите ви се наклонети, но како да не знаете да го искористите тоа. Ве очекуваат и повеќе трошоци од вообичаено. Не ви е чудно што уште сте сами? Окупирани сте со една личност, но претврдоглави сте да го направите првиот чекор. Добро се чувствувате оваа недела.

Близнаци

Имате одлична соработка со клиентите и ве очекува голем успех оваа недела. Побарајте покачување или подобра позиција. Ве привлекува личност од минатото, но не сте сигурни дали е паметно да ѝ дадете простор повторно во вашиот живот. Намалете го стресот.

Рак

Ве очекуваат промени кога станува збор за заработката. Имате некои дилеми и не сте сигурни која одлука да ја донесете. Потребен ви е сон.

Лав

Немате инспирација, а не сте ни навикнати да работите половично. Потребен ви е одмор периодов. Минатото уште ве прогонува, но тоа веќе не ве вознемирува. Сеедно ви е. Добро се чувствувате.

Девица

Сте имале можност да постигнете успех, но тоа ви избегало. Сега можеби ќе тапкате во место, но наскоро добивате уште една шанса. Не сте расположени за излегувања и дружење, туку само за кавги. Главоболка.

Вага

Уште сте под стрес, но финансиската состојба ви ја враќа насмевката на лицето. Искористете го овој период да го завршите започнатото. Слушајте ги советите на вашите пријатели, кога станува збор за љубовта. Потребна ви е природа и прошетки.

Скорпија

Не очајувајте, што и да се случува на работа можете да избегате од тоа. Во љубовта ви оди добро оваа недела. Немате што да изгубите. Спијте и вежбајте повеќе. Нервирајте се помалку.

Стрелец

Се е добро и така треба да биде. Уживајте во ваквиот период. Заљубени сте и среќни и не сте ни свесни што ви се случува овој период. Пробајте да ја поправите крвната слика.

Јарец

Не очекувате помош од колегите, но таа ќе ви дојде добро. Најдете начин како да им се заблагодарите. Мислите на личност од минатото. На вас е да го направите првиот чекор. Добро се чувствувате.

Водолија

Досадно ви е на работа, ќе морате нешто да промените. Заљубени сте, но тоа не сакате да си го признаете ни самите. Работите стануваат сериозни. Спортувајте.

Риби

Колегите немаат разбирање за вас. Потрудете се да ја поправите ситуацијата. Партнерот ве поддржува без оглед на се. Добро се чувствувате.

Scroll to Top