Неделен хороскоп од 24 до 30 јуни

Овен

Перодот е поволен за одмор и релаксација, не би требало да се преоптеретувате со деловните обврски. На полето за љубов ве очекува интересна средба со една личност која не открива многу нешта за себе. Можни проблеми со циркулацијата.

Бик  

Резултатите ќе бидат малку помали од тоа што сте го очекувале, па ќе бидете разочарани. Доколку сте слободни очекувајте познанство со личност која е уметник.

Близнаци

Можно е на работа оваа недела да ви биде малку повеќе од напорно, смирете се и без тензии завршете ги обврските. Љубовната ситуација нема да ги задоволува вашите стандарди, па ќе сакате нешто брзо да промените. Можни проблеми со болки во грбот.

Рак

Ве очекува поволен период без оглед со која работа се бавите, а особено ако соработувате со странство. На љубовното поле ќе имате сосема солидна ситуација. Полни сте со позитивна енергија. Ќе имате големо количество на енергија, потрошете ја солидно.

Лав

Ви следува значително подобрување на финансиите, ќе дојдете до поголема сума на пари. Кога станува збор за љубовта ќе чувствате голема приврзаност за партнерот. Без нагласени тешкотии во здравјето.

Девица

Ако ве очекува некој јавен настап, презентација и слично, можете да се надевате на успех. Љубовната ситуација е одлична, ви се ближи брак или принова. Можни се проблеми со мочниот меур.

Вага

Пред вас е многу поволен период во кој ќе бидете исклучително вредни и продуктивни. На полето за љубов ве очекува убава ситуација и одлично помината недела со саканото лице. Осетлив желудник.

Скорпија

Пред вас е одличен период во кој нема да имате премногу работа, а ќе имате премногу среќа. Во љубовта ви следат нови случувања, слободните ги очекува фатално познанство. Здравјето е сосема стабилно.

Стрелец

Доколку планирате да се занимавате со приватна работа, овој период е идеален за тоа. Поведете сметка нервозата која ве следи да не го загрози односот со саканото лице. Одлично здравје.

Јарец

Доколку планирате потпишување на некој договор, пред вас е многу поволна фаза. На полето за љубов ве очекува многу интересна фаза, активни ќе бидете на полето за флерт. Можни тешкотии со хроничните здравствени проблеми.

Водолија

Ве очекува некој помал прилив на пари или можност на деловен план да остварите мал напредок. Во љубовта очекувајте поволна ситуација, саканото лице ќе ви ги исполни сите желби. Можни проблеми со штитната жлезда.

Риби

Интуицијата ви работи под полна пареа, па препорака е да го послушате внатрешното чувство при донесување на важни одлуки. Љубовната ситуација е многу добра, ќе уживате со партнерот. Поведете сметка за здравјето на очите.

Scroll to Top