Совети како да се заштитите од крадци додека сте на летување

Сѐ повеќе се зголемуваат вестите за ограбени туристи на плажа. Жртва на грабеж може да биде кој било во секоја земја.

Метод на работа што крадците најчесто го користат е прскање со спреј, со чија помош жртвите што се цел на ограбување во текот на ноќта ќе паднат во уште подлабок сон. Спрејот го прскаат низ отворени прозорци или тераси, а најлесно достапни се апартманите на сутерен, приземје или на првиот кат доколку е лесно пристапно.

Во текот на ноќта затворете ги вратите од терасите и прозорците и спуштите ги ролетните. Доколку ви е топло, вклучете ја климата.

Доколку ви се случи за време на летувањето да бидете ограбени, ве советуваме тоа најпрвин да му го кажете на сопственикот на просторот во кој сте сместени, како и на претставникот од туристичката агенција преку која сте дошле на летување. Тие ќе ви помогнат инцидентот да го пријавите во полиција.

Scroll to Top