Паднале од девети кат додека имале секс на прозор

Руска двојка паднала од девети кат од зграда додека имале секс на прозор. Девојката загинала на лице место, додека нејзиниот партнер успеал да преживее благодарение на неа.

Двајцата се наоѓале на журка, а девојката го ублажила падот и момчето завршило со полесни повреди. Сведоци велат дека по падот, тој станал и се вратил на забавата.

Полицијата стигнала веднаш на местото на нстанот, а група луѓе кои биле на журката, фрлиле крпа врз нив од прозорот.

Жената за која се претпоставува дека имала околу 30 години, е пронајдена мртва на улицата во стамбен блок во Санкт Петербург на 5. јули.

 

Полицијата верува дека двојката имала секс на прозорот во моментите кога паднала, а според фотографиите кои биле направени, девојката била гола од половината надоле.

Утврдено дека уште двајца мажи биле во станот кога се случила несреќата, но дека тие не биле вмешани во инцидентот. Полицијата покренала истрага за убиство.

 

Scroll to Top