Почина мајката на Елизабета Ѓорѓиевска, се чекаат резултати дали е од коронавирус

Попладнево  околу 13.00 часот на клиниката за Пулмологија во Скопје, почина мајката на  Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на  Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на претседателот.

Посмртно и бил земен брис за да се провери дали била позитивна на Ковид 19, а резултатите се чекаат во текот на утрешниот ден.

Таа починала денес, имала тешка општа здравствена состојба, посмртно е земен брис, но генерално досега немала Наод за прсуство на Ковид 19. Рзултатите ги очекуваме, штом ќе ги добиеме ќе информираме, велат од кабинетот на претседателот.

Scroll to Top