Првиот снег во Скопје се очекува денеска

Времето денеска ќе биде облачно со минусни температури и повремени врнежи од снег во попладневните часови.

Денеска попладне и во текот на ноќта, како и утре претпладне врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и во јужните делови каде на места ќе се формира снежна покривка.

Температурите ќе се движат од -1 до 6 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно, a попладне се очекува да врне снег, а температурата ќе биде до 2 степена, најавија метеоролозите.

Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Според прогнозите, до крајот на годинава нè очекуваат температури од нулата до десет степени, кои на почетокот на јануари ќе бидат под нулата.

Scroll to Top