Пушењето е најевтино во Македонија

Владите ширум светот се трудат со подигањето на цените ги одвратат пушачите од тој порок, а не е тешко да се свати зошто, со оглед на тоа дека пушењето предизвикува низа на здравствени проблеми меѓу кои најчесто се рак или болести на срцето.

Сведоци сме на фактот дека цената на цигарите станува се поголема и поголема, но како се чини, малкумина се подготвени да се откажат од пушењето. Во Македонија за среќа цената на цигарите е најевтина во однос на останатите балкански земји.

Кога станува збор за земјите од регионот, цигарите се најскапи во Словенија, каде за пакет Марлборо потребно е да издвоите четири евра. Србија на листата на европски земји го завзема на 32 место и спаѓа во државите во кои цигарите се поевтини.

Во Црна Гора кутија Марлборо чини 2,55 евра, во Босна и Херцеговина 2,56, а во Хрватска 3,52 евра.

По тоа прашање, Австралија е апсолутен лидер, затоа што за пакет Марлборо цигари треба да се издвојат 16,8 евра. Веднаш зад неа е Нов Зеланд, каде за истиот бренд цигари потребно е да се издвои 14,9 евра.

Иако досега во Америка цигарите се исклучително евтини во однос на Австралија, изгледа дека ситуацијата се менува и таму, затоа што градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, ја подигна цената на цигарите, па сега стандардно пакување, наместо досегашните 8,5 евра, чини 11 евра.

Од друга страна, земјата од светски рамки каде цигарите се најевтини дефинитивно е Казахстан, затоа што таму за пакетче Марлборо, потребно е да издвоите 0,9 евра.

 

Цигарите се евтини и во Виетнам, Украина, Филипините и Пакистан, каде за пакет Марлбото потребно е да издвоите само 1 евро.

Украина која се наоѓа на листата на најевтини земји во светот, е на прво место кога станува збор за цената на цигарите во Европа. Следат Белорусија, Молдавија и Русија, каде цената варира меѓу 1,18 и 1,66 евра.

 

Доколку сакате да отпатувате во некоја медитеранска земја, треба да знаете дека во зависност од земјата, кутија Марлборо чини меѓу 2,41 и 5,6 евра. Во овој случај најевтини се цигарите во Албанија, каде чинат 2,41 евра, потоа Турција 2,42 евра, во Грција 4,20 евра, а на Кипар 4,70 евра. Најскапо е во Шпанија, Италија и на Малта. Во Шпанија за кутија Марлборо потребни ви се пет евра, а во Италија 5,2 евра, додека на Малта потребни ви се 5,6 евра.

Scroll to Top