(Видео) Со черепот на дедо му ја прослави шампионската титула

Аргентинецот Габриел Аранда со черепот на неговиот дедо ја прославил титулата на својот омилен фудбалски тим Расинг клуб, шампион на Аргентина.

Фудбалерите на Расинг ја освоија долго очекуваната титула по ремито 1:1 против Тигре. Низ улиците на Авејанда излегоа илјадници навивачи на Расинг кои славеа до доцните часови.

„Тој би бил горд на ова. Секогаш кога игра Расинг јас го вадам черепот од урната на дедо ми Валентин Агиљер, кој додека беше жив, беше член на клубот. Отсекогаш ни носел среќа“, изјавил Габриел за TNT Sports.

Спортинг стигна до деветтата титула во историјата. Спортски директор на клубот е Диего Милито, поранешниот фудбалер на Интер, со кого нашиот капитен Горан Пандев, под водство на Жозе Мурињо стигна до титулата шампион на Европа.

Меѓу бројните навивачи на Расинг е и градоначалникот на Буенос Аирес, Хорасио Родригез Ларета, кој напишал на Твитер: „Пак сме шампиони!“

Scroll to Top