Во Рио де Жанеиро почна најголемиот карневал во светот

Вчеравечер во Рио де Женеиро започна најголемиот карневал во светот. На карневалот што ќе трае пет дена, пред публиката ќе се претстават 12 школи за самба. Овој пат тие освен што ќе танцуваат, со своите костуми ќе протестираат и против корупцијата во државата и политичките скандали што се случуваат последните неколку месеци во Бразил.

Според локалните власти, карневалот ќе привлече 1.5 милиони туристи, а градот ќе оствари приходи од повеќе од една милијарда долари.

Традиционално, карневалот почна кога градоначалникот на Рио де Женеиро, Марсело Крива на кралот Момо, домаќин на карневалот, му врачи симболичен клуч од градот украсен со светкави камења.

Scroll to Top