Во улицата на милијардери, најевтината куќа вреди 5 милиони евра

Авенија Бишоп во Лондон е резервирана за руските олигарси, членови на кралското семејство и познати личности. Поради тоа не чуди што ја нарекуваат улицата на милијардерите, ниту пак што се смета за една од најскапите делови во главниот град во Обединетото Кралство, но и светот.

Оваа лондонска улица ја поврзува северната страна на Хампстед-Хит, Хамстед со Источен Финчли и се наоѓа на границата меѓу лондонскиот кварт Барнет и Харингеј.

Опфаќа шеесетина куќи кои се изградени во различни архитетонски стил, а тука може да се најдат спектакуларни резиденции направени по примерот на изданјата во древен Рим, Египет и Грција до модерни англиски куќи.

Секој имот во просек завзема 8000 до 12.000 квадратни метри. И додека „помалите“ куќи се продаваат по цена од 5 милиони британски фунти, или околу 5,6 милиони евра, оние поскапите достигнуваат цена и од 65 милиони фунти, односно 73 милиони евра.

Недвижностите во Улицата на милијардерите е силен статусен симбол. Ако живеете тука, на никого не морате да му објаснувате дека имате пари.

Scroll to Top