Зошто се менува бојата на очи кај бебињата, експертите откриваат

By

Промена на боја на очи кај бебињата е феномен кој се јавува во текот на првата година од животот, најчесто во периодот од шестиот до деветтиот месец, а причината лежи во генетиката и количината на меланин, односно пигментот којшто ја одредува бојата.

Кога се раѓаат бебињата, особено оние со посветол тен, нивните очи најчесто се со светла боја, бидејќи имаат многу малку меланин (вид пигмент кој им дава боја на очите, кожата и косата). Според магазинот „Родители“, количината на меланин во ирисот, односно обоениот дел од окото, одредува каква боја ќе имаат очите. По раѓањето, светлината го стимулира производството на меланин, поради што бојата на очи може да потемни или да се промени со текот на времето.

Обично промената може да се забележи во првите 6-9 месеци од животот. За време на неколку недели или месеци, може да забележите дека очите на вашето бебе потемнуваат. Промената е толку постепена што можеби не ја забележувате сè додека еден ден не се разбудат и ве изненадат со друга боја на очи.

До 12 месеци, повеќето бебиња добиваат трајна боја на очите, иако таа кај некои деца може да се промени до шестгодишна возраст, што е доста ретко. Генетиката одредува колку меланин ќе има една личност во своето тело. Во основа, родителската ДНК одредува каква ќе биде нивната боја на очи.

Повеќе гени во телото придонесуваат за неа – дури и ако двајцата родители на детето имаат кафени очи, можно е бебето да заврши со сини очи доколку родителите имаат гени на сини очи некаде во нивната генетски состав. Речиси е невозможно однапред да се предвиди бојата на очи на вашето бебе. Никој, вклучително и лекарот, не може да предвиди каква боја ќе имаат очите кога детето ќе порасне, а не е важно што јаде или прави вашето бебе и на колкава количина светлина го изложувате.

Ако бебето е родено со кафени очи, тоа значи дека тој веќе ја има количината на меланин доделена од генетскиот код, па затоа бојата на очи нема да се промени. Исто така, може да се изостави промената кај посветлите очи.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX: Big Order anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix hunter hunter

Website https://animekisa.in: Watch TO (Dub) animekisa Episode 2 animekisa

Carnival Phantasm: HibiChika Special Episode Full

Website https://twistmoe.net: Watch Hell Girl twistmoe Episode 26 watch anime free

Tldrlegal: https://tldrlegal.com/users/gogoanimebe

Qiita: https://qiita.com/kissanimemx