Зошто треба да имате црвен костим за капење…

Костимот за капење со боја на кожа изгледа добро само на исончана кожа, па затоа е подобро да го одложите до последните денови од одморот.

Црниот костим за капење ги прикрива недостатоците на фигурата, но е досаден доколку нема спектакуларни аксесоари. Модерни се исто така розовите костими за капење, но во нив девојките изгледаат како Барби кукли.

Избирањето на вистинска боја на костимот за капење може да биде тешка задача во текот на купувањето. Но, вистината е една: победник е црвениот костим за капење – светол, умерено одважен и апсолутно универзален (сите нијанси на црвената боја се исти и за бринетите и за русокосите).

Покрај тоа, тој е веќе класика, која не излегува од мода. Деведесеттите години од минатиот век Синди Крафорт во црвениот костим за капење ги красеше насловните страници. А денес, со истиот успех, тоа го прават новите генерации на супермодели, како што се Каја Гербер, Тејлор Хил и Бела Хадид.

Во продолжение, разгледајте како моделите ги носат црвените костими за капење и не плашете се да го следите нивниот пример:

 

Scroll to Top