Чоколадна плазма-торта без печење

Потребни состојки:

3 пакувања пишкоти (36 парчиња)
200 гр чоколадо
200 мл слатка павлака
130 гр путер или маргарин
150 гр мелена плазма
2 лажички кисела павлака
сок од портокал или млеко за натопување на пишкотите

Начин на подготовка:

Чоколадото ставете го во длабок сад, додадете го путерот и прелијте го со 200 мл слатка павлака. Загревајте ја смесата на тивок оган за да се растопат состојките, но внимавајте да не зоврие. Мешајте цело време за побргу да се соединат. Кога ќе добиете изедначена чоколадна смеса, која треба да биде течна, ставете ја во друг сад и оставете ја целосно да се излади.

Со миксер изматете ја изладената смеса додека да добиете фин и нежен воздушест крем. Во овој чоколаден фил можете директно веднаш да ја додадете мелената плазма, па додадете и две лажици кисела павлака. Додадете ги и мелените бисквити, изматете уште за да се распоредат рамномерно во целата смеса. Од овој крем одвојте две лажици за декорирање на тортата.

Калапот (долгнавест и тесен) обложете го со проѕирна фолија и убаво измазнете за да ви излезе тортата рамна без набори. Во чинија ставете сок од портокал (може и млеко) и кратко натопувајте ги пишкотите во сокот, па редете ги во калапот. Ставете 12 пишкоти во еден ред, па половина фил, повторно 12 пишкоти, останатиот фил и завршете со ред од 12 пишкоти. Одозгора премачкајте со филот што го тргнавте настрана и наросете мелени и сечкани ореви. Тортата завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер најмалку два часа за да се стегне.

Scroll to Top