Домашен бурек ист како од бурекчилница

Потребно: 1 пакување готови тенки кори 150 мл вода 50 мл масло Сол по вкус 500 г сирење

Подготвување:

Водата, маслото и солта ставете на оган да зоврие.

Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите ќе висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода. Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.

Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја прелијте ја.

Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора. Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го.

 

Scroll to Top