Едноставен рецепт за бадниково лепче со паричка

Лепчето со паричка традиционално се прави за Бадник, и се разликува во различни делови на Македонија – некаде се прави како погача, некаде е благо и се прави со ореви и мед. Ако сакате нешто едноставно, или можеби не сте вешти во кујната, овој лесен рецепт ќе ви помогне сепак да замесите добро лепче.

Потребни состојки:

1 кг брашно
1 лажичка сол
Вода
Малку прашок за печиво (врв на лажичката)

Начин на подготовка:

Во поголем сад ставете го брашното, прашокот за печиво, една лажичка сол и постепено додавајте вода (на собна температура). Замесете тесто со средна тврдина. Најдобро е полека да дотурате вода за да избегнете премногу лепливо тесто. Кога добро ќе го замесите тестото за да стане мазно, во него ставете ја паричката и повторно замесете за да не се гледа каде се наоѓа. Оставете го лепчето да нарасне и испечете го.

Scroll to Top