Пилешка салата со бадеми

Потребни состојки:

1 парче пилешки стек
100гр печени солени бадеми
1/2 мала главица кромид
2 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
мелен црн бибер
сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Стекот сварете го, па исечете го на крупни парчиња. Солените бадеми исечкајте ги на покрупно. Кромидот исечете го на многу ситни парчиња. Состојките измешајте ги заедно, па зачинете по вкус. На крај додајте го сокот од лимон, па спојте ги со мајонезот и павлаката. Откако салатата убаво ќе се излади, декорирајте ја со солени бадеми и послужете ја.

Scroll to Top