Пита со боровинки

Потребни состојки (за кора):

70 грама брашно
15 грама кафеав шеќер
2 лажици бел шеќер
1/4 лажица цимет
прстофат сол
60 грама растопен маргарин

Потребни состојки (за бисквит):

210 грама брашно
1,5 кесичка прашок за печиво
140 грама растопен маргарин
130 грама шеќер
1/2 лажичка сол
рендана кора од половина лимон
1,5 лажица екстракт од ванила
2 јајца
500 грама боровинки

Начин на подготовка:

Со миксер изматете ги брашното, кафеавиот шеќер, солта и циметот. Потоа додајте го растопениот маргарин и матете додека не добиете хомогена смеса. Тестото за кората тргнете го настрана. Загрејте ја рерната на 180 степени. На калапот за пита нанесете брашно. Измешајте ги брашното и прашокот за печиво и тргнете ги настрана. Со миксер изматете ги маргаринот, шеќерот, солта и изренданата кора. Додајте и екстракт од ванила и продолжете со матење. На смесата додајте ги и јајцата, едно по едно. Намалете ја брзината на миксерот и постепено додавајте го брашното. Матете додека не добиете хомогена смеса. Потоа со лажица додавајте ги и боровинките и мешајте. Тестото за бисквит ставете го во калапот, а преку него развлечете го тестото за кора. Печете околу 50 минути.

Scroll to Top