Сладолед торта со јагоди

Потребни состојки:

300-400 гр јагоди
1 конзерва засладено кондензирано млеко
250 мл слатка павлака + 150 мл за украсување

Подлога
15 какао колачиња со фил
2 лажици маргарин или путер

Начин на подготовка:

Јаготките се пасираат со вулушка. Во нив додадете го кондензираното млеко и измешајте. На страна изматете ја павлаката и потоа спојте ја со јагодите. Долгнавест калап обложете го со најлон или алуминиумска фолија и истурете ја смесата во него. Стопете го путерот и измешајте го со издробените/изблендирани колачиња. Смесата треба да стане ронлива, како влажен песок. Распоредете ја врз сладоледот во калапот нежно притискајќи да се спои. Завиткајте го калапот и одозгора и ставете го во замрзнувач да отстои преку ноќ. Превртете ја тортата врз правоаголна рамна чинија и одозгора премачкајте ја со шлаг.

Scroll to Top