Доживејте оргазам без секс

By

Кога во 2006 година магазинот Men’s Health ја објавил приказната за маж кој доживувал оргазам секогаш кога правел вежби со нозете, многу жени се јавиле во редакцијата на списанието и раскажале дека и тие понекогаш доживуваат оргазам додека вежбаат. Овој феномен во медицината се нарекува коргазам, а се јавува кога мажите и жените вежбаат поинтензивно.

Професорката д-р Деби Хербеник, сексуален експерт, почнала да истражува и дошла до сознание дека дури 10 проценти од луѓето, без оглед на полот, доживуваат оргазам и без секс, додека вежбаат.

Мажите најчесто доживуваат коргазам при склекови, кревање тегови, качување по јаже и трчање. Тие го опишуваат овој оргазам како поинтензивен од оној при секс. Многумина рекле дека воопшто и немале ерекција пред да доживеат оргазам. Тие раскажале и дека при оргазмот немале триење во пределот на гениталиите ниту пак размислувале за секс. Испитувањето покажало дека оргазмот се јавува заради движењето на стомачните мускули.

Научниците сè уште не разбираат како е можно ова. Според некои теории, станува збор за стимулација на внатрешните делови на телото, како што се нервните патеки, кои се поврзани со постигнувањето оргазам.

Ќе ви се допадне