Др. Цули Софијанова и цел тим транспортираа дете од Клиниката за детски болести на лекување во Италија

Др. Цули Софијанова и цел тим од Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, денеска попладне транспортираа дете со сложена клиничка слика во Џенова, Италија. Детето од Скопје до Џенова, каде што веќе пристигнаа со авион, го придружуваше специјалниот медицински тим од Институтот „Џанина Џаслини“, предводени од Андреа Москатели, директорот на неонатолошката болница.

Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова и целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и онколошкото одделение, претходно го подготвија детето за лекувањето во Италија.

Доктор Москатели, кој е и директор на одделението за интензивна нега во болницата во Италија, рече дека се радува што може да помогне и дека е воодушевен од професионалноста на македонските лекари од Клиниката за детски болести.
„Соработката е многу важна, да учиме едни од други, на крајот е денот децата се најважни“, вели лекарот Москатели.
Scroll to Top