Најчести причини за нередовен месечен циклус

Месечниот менструален циклус кај повеќето жени се случува на секои 28 дена, иако кај некои може да се појави на повеќе, односно на помалку денови. Причини за нередовен месечен циклус се многу: полицистични јајници, масти во телото, проблеми со тироидната жлезда и слично. Понекогаш циклусот се враќа во нормала по еден месец. Ако тоа не се случи, можно е да се работи за некоја посериозна медицинска состојба, па затоа треба да посетите гинеколог.

Синдромот полицистични јајници може да влијае на нередовен циклусот кај 5 до 10 отсто од жените. Ова го предизвикуваат цисти на јајниците, кои иако не се штетни, може да доведат до хормонална нерамнотежа во телото, односно нередовен или неправилен циклус. Ваквиот циклус може да се јавува на секои две недели, на секои три до шест месеци или, пак, само еднаш во годината. Лекарите советуваат жената да побара медицинска помош доколку циклусот им доаѓа почесто од 21 ден или поретко од 45 дена.

Во некои случаи, лекови како препарати за контрацепција, аспирин или ибупрофен, може да ги променат хормоните во телото што го регулираат менструалниот циклус, па тој да се појавува почесто од вообичаеното.

И мастите во телото имаат важна улога за регулирање на циклусот. Премалото количество масти во телото, на пример при анорексија, може да доведе до целосно престанување на циклусот. Преслабите жени најчесто имаат нерегуларен месечен циклус. Нередовен циклус може да имаат и спортистките, заради намалувањето на нивото на масти во организмот што го предизвикува преголемото вежбање и драстичната промена на тежината.

Стресот може да предизвика промена на менструалниот циклус. Кога телото е под стрес испраќа сигнали до мозокот да престане да ослободува естроген и прогестерон, кои се потребни за редовен циклусот, па затоа циклусот начесто доцни.

Неправилното функционирање на тироидната жлезда е една од најчестите причини за неправилен и нередовен циклус. Други хормонални причини може да вклучуваат слаба контрола на дијабетес или Кушингов синдром- болест која ја предизвикува високото ниво на хормонот кортизол во телото.

Scroll to Top