Отстранете ги старечките дамки со домашни маски

Со годините на рацете и лицето, особено кај жените, се појавуваат разни темни дамки. Иако не можете целосно да ги отстраните, постојат неколку домашни маски со кои можете да ги избледите и да го забавите процесот на нивно појавување.
Маска со квасец
Измешајте 15-20 гр квасец со 1-2 лажички свежо исцеден лимон. Нанесете ја маската и држете ја 20 минути и исплакнете со топла вода. По нанесувањето на маска со квасец, намачкајте ги лицето и рацете со хранлив крем.Краставица
Изрендајте свежа краставица на ситната страна од рендето. Кашата ставете ја на површината со дамки и држете 15 минути. Повторете ја постапката три пати по 15 минути едно по друго.

Сок од лимон
Измешајте сок од лимон со вода во сооднос од 1:10 и ставајте на пигментните дамки 2 пати на ден.

Банана вода
Земете кора од голема банана и исечете ја ситно. Истурете врз неа 250 мл жешка вода. Кога целосно ќе се  излади, исцедете ја водата, ставете ја во калапи за мраз и ставете ги калапите во замрзнувач. Со коцките мраз поминувајте преку лицето по спиење.

Scroll to Top