(Видео) Свекрва запна да ја растура венчавката на синот: ги прекина брачните завети, па ќе се тепаше со снаата

By

Нетрпеливост меѓу снаата и свекрвата излегла на виделина во Калифорнија, кога за време на венчавка за малку не дошло до поголем инцидент меѓу невестата и мајката на младоженецот.

Проблемот се појавил кога свекрвата, за време на венчавката на нејзиниот син со девојката по име Ана Регсдејл пред неколку месеци, ги прекинала брачните завети со извик до снаата: „Не смееш да кажеш дека син ми има маани!“.

Ненадејното вмешување на свекрвата очигледно ги шокира присутните на венчавката, а по неколку секунди непријатна тишина, снаата одговори, по што започна вистинска караница.

„Оди си. Нема да ми ја расипеш свадбата. Сите имаат маани, затоа и го сакам. Можеш да си одиш,“ гневно одговори снаата.

Инцидентот во еден момент се закани да ескалира, кога свекрвата Џуди одби да си оди, велејќи дека таа платила за венчалниот фустан.

Сепак, сестрата на Ана, која ја објави снимката на социјалните мрежи, вели дека свекрвата не успеала да застане на патот на љубовта меѓу младоженците, кои и натаму се во брак и сега имаат дете.

Ќе ви се допадне