За сè е виновен Марјан Пејоски: Култниот оскаровски лебедов фустан за кој и ден денес се зборува

By

Оскаровскиот тепих не памети такво чудење и неверување какво што приреди Бјорк во 2001 година.

Исландската пејачка беше номинирана за престижната награда на Американската академија за најдобра оригинална песна “I’ve Seen It All” од филмот Танцувач во ноќта на режисерот Пол Рудерс.

Имајќи предвид дека станува збор за чест која ретко се случува во животот, Бјорк се одлучи за одважна комбинација. Поточно одбра несекојдневна комбинација на нашиот дизајнер Марјан Пејоски, која многу брзо го доби името лебедов фустан. Тоа не треба да ве чуди бидејќи фустанот навистина се состоеше од пердувести парчиња во облик на ова елегантно животно, кој беше поставен вез проѕирен комбинезон во боја на кожа.

„Не знам зошто сум опседната со лебеди, но сè што се наоѓа на мојот албум е поврзан со зимата, а на некои начин тие се зимски птици. Очигледно се многу романтични и моногамни животни. Тоа е една од оние ствари за кои е тешко да ги објасните кога толку сте опседнати со нив“, со овие зборови славната Бјорк се обиде да го објасни својот избор за црвениот тепих.

Подоцна е откриено дека креацијата била инспирирана од фотографијата на Леонардо ди Каприо со лебедот која е направена за изданието на „Венити фер“ во 1997 година.

Македонскиот дизајнер со постојано живеалиште во Обединетото Кралство кој стои зад уличниот бренд K-T-Z направи две идентични фустани, кои Бјорк подоцна ги носеше на насловната на својот алубум Vеspertine, како и на турнејата за истоимениот албум.

Фустанот која истата вечер е прогласен за една од најлошите изданија на Оскарите, а недели подоцна повторно стана предмет за зафрканции меѓу американските комичари. Но, тоа не ја повреди авангардната пејачка. Бјорк во својата уметност и модни избори секогаш се обидувала да ги помести границите на перцепција.

И во тоа успеа.

И покрај непријатните коментари, лебедовиот фустан влезе во историјата. Денес редовно се наоѓа на пописот на најлегендарните фустани на сите времиња. Во склоп на ретроспективната изложба за исландската пејачка во Музејот на модерна уметност – МОМА во Њујорк, легендарниот фустан е изложен во 2015 година.

Дека навистина се работи за култен дизајн, потврдува и модната куќа „Валентино“, која во пролетта 2014 година, престави своја верзија на лебедов фустан.

Ќе ви се допадне