(ФОТО) Каролина и Михо -филмска љубов во Мексико    

Поп-пејачката Каролина Гочева се враќа дома. Таа беше на брачно патување со Михаил Корубин, прво во Канда, а потоа во Мексико. Од -20 степени Целзиусови на Нијагра, таа и Михаил отидоа во летувалиштето Ахау, во Тулум.

„Догледање Тулум“, напиша Каролина под новата фотографија, на која прегрнати шетаат со Михаил покрај морето.

Каролина неодмна сподели видео на која покажа како се забавува на журка на плажата, каде што гостите ги анимирале акробати со оган.

Scroll to Top