(Фото) Цветанка Глигорова некогаш на „Макфест“, денес згодна и популарна во Кавадарци

Во 1995 година на „Макфест“ Цветанка Глигорова ја испеа „Не биди слеп“, една од најубавите македонски песни. Имаше 16 години, ама ја освои публиката. Брзо потоа се повлече од јавноста, почна да студира, роди ќерка, а кариерата ја стави на второ место.

Денес Глигорова живее во родното Кавадарци, работи во банка, ама и понатаму се занимава со музика. Таа често има настапи во кафулињата и клубовите низ земјава. Во едно интервју рече дека најдобрите забави се таму каде што пее таа.

 

Цветанка сега е сосема поинаква од она кога се појави на сцената пред 20 години. Велат дека често оди во теретана и дека внимава на своето тело и на физичкиот изглед. Се зборува и дека ги пополнила усните.

Scroll to Top