Актерот Висар Вишка облече елегантен син костум во комбинација со бели патики и така дотеран дојде на свечен настан што пред неколку дена се одржуваше во Скопје. Многумина искоментираа дека „му го зел стилот, сосе патиките“ на Еди Рама и дека бил инспириран од албанскиот премиер, кој освен патики, не признава друга комбинација кога носи костум. Стилот на Вишка доаѓа некако веднаш по средбата што ја имаа со Рама, на неодамнешното отворање на изложбата во Националната галерија на Албанија во Тирана.
Тогаш премиерот Рама носеше син костум и бели патики „конверс“. На прашањето од „Репортер“ што мисли за тоа дека Рама е постојано со патики и на официјални настани, актерот Вишка, кој е добра пријател со Рама, ни рече:
„Еди е одличен уметник. Тоа се гледа по сите негови појави. Да облечеш патики и костум е уметност“, рече Висар, а ни откри и дека се знаат од пред неколку години, кога Рама го поканил на вечера.