(Галерија) Греано вино и добра музика -„Нокаут“ ги врати скопјани во времето на добрите журки

Групата „Нокаут“ синоќа имаа одличен предновогодишен концерт кај Сити мол во Скопје. За бројната публика во која имаше многу млади, бендот понуди незаборавни два часа одлична музика и журка, која уште подобро одеше со чашка греано вино, па на никој не му сметаше ладното време.

Песните на „Нокаут“ се пееја во еден глас, а расположнието беше на ниво, што е номално кога се Нокаут во прашање, но и две години пандемија и скоро никаков социјалнен живот.

Во публиката имаше и од повозрасните генерации кои буквално уживаа во песните на Нокаут, оние со кој бендот се прослави на музичката сцена кон крајот на 90.тите.

Студеното време не им пречеше да се забавуваат. Сите пиеја греано вино и јадеа крофни и тоа беше дооволно да се ужива во  „Временска машина“, „Телефонскиот број не постои“, „Позитивно“, „Самовила“, „Во бестрага“ и уште многу други.

„Тоа што сте тука значи дека давате поддршка за македонската авторска музика“, рече Пере и продолжи со својот бенд да ги забавува скопјани.

Пејачот го најави и неговиот јубилеен концерт 25 години постоење на „Нокаут“, кој треба да се одржи наредната година во салата „Борис Трајковски“ на отворено.

За потсетување, минатата недела концерт пред Сити мол имаше и Тамара Тодевска, а до крајот на годината тука ќе се одржат и други концерти и претстави за мали деца.

Текст и фото : Љубиша Владимиров 

Scroll to Top