(Видео) Безобразна Бугарка го полуде Слаткар

Познатиот рапер и кантавтор Марко Маринковиќ – Слаткар вчера ја објави својата најнова песна „Безобразна си ти“, која е сосема поинаква од неговите досегашни нумери. Сцени со бугарскиот модел Зори Андреева и скапи автомобили се само дел од сценографијата на спотот. Дел од нив се снимени во Софија, Бугарија.

Текстот е негов, додека музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов.

За неполни два дена на Јутуб собра речиси 50.000 прегледи, а само првиот ден доби над 20.000. А покрај тоа, и бројни позитивни коментари од своите фанови.

„Друг левел, браво“, „Браво Слаткар! Поздрав од Германија, песнава ја слушам 2 саати и веќе ја знам“, „Браво брате, добра ти е“, „Каква песна, браво“, „Што и да направи Слаткар е WOW“, „Игнорирај ги хејтерите, песнава грми“, се само дел од коментарите. Некои од нив се и од соседна Бугарија, кои исто така се воодушевени од песната на Слаткар.

Scroll to Top