Зоран Ванев на луксуз во Дубаи

Фолк-пејачот Зоран Ванев веќе неколку дена е на одмор во Дубаи. Тој постојано објавува фотографии од патувањето, а на една од сликите тој е сликан пред „Бурџ Ал-араб“, првиот хотел со седум ѕвезди во светот.

Хотелот е во форма на едро од брод, и во него може да се влезе само со претходна резервација направена за некој од баровите или рестораните во „Бурџ ал-араб“. Најевтината ужинка во хотрелот е  од кафе, чаша шампањско и неколку колачиња и чини околу 100 евра.

Ванев, покрај тоа што ужива во Дубаи, со своите пријатели споделува информации и за температурата во  градот. Тој пишува дека утринската температура е околу 35 степени. Нашинците што живеат во Дубаи велат дека најубавото време да се посети овој град е меѓу ноември и март. Според нив, од април до октомври температурите се качуваат и до 56 степени, а влажноста на воздухот е многу голема, па ваквото време не им глоди на гостите кои доаѓаат од Балканот.

Scroll to Top