Министерот Димитров доби точак од холандскиот амбасадор

Mинистерот за надворешни работи на Никола Димитров  денес доби на подарок холандски велосипед. Велосипедот стигна од директорот за европска соработка во МНР на Кралството Холандија, Матијс ван дер Плас Денес. Со овој гест, Димитров и Ван дер Плас сакаат да испратат порака за подобрување на безбедноста и условите за возење велосипед во Скопје.

„Преку инвестирање во велосипедската инфраструктура се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и директно се влијае врз обезбедување на почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани“, изјавија ван дер Плас и Димитров

На министерот за надворешни работи добро му е позната традиционално богатата велосипедска култура во Холандија, зошто тој подолго време живееше во Хаг како амбасадор на Македонија во Холандија .

Scroll to Top