90-годишната Добрила од Дојран воодушеви во „Никогаш не е доцна“

Започна новата сезона на музичко шоу „Никогаш не е доцна“ и во првата емисија настапи 90-годишната Добрила Ивановска-Ќабриќ од Дојран. Таа пред жирито ја отпеа „Очи черније“ и го воодушеви жирито. Таа пред нив изјави дека веќе се занимавала со музика и театар и дека била голема ѕвезда во Русија и на Кипар, но дека никогаш не била популарна на овие простори. Во текот на својот живот таа пеела пред Марија Калас и Оназис, Брижит Бардо и Урсула Андрес.

„Јас сѐ уште се чувствувам младо бидејќи сум опкружена со млади луѓе“, рече Добрила.

Со нејзината изведба таа ја расплака Милица Тодоровиќ, која ѝ призна:

„Госпоѓо Добрила, вие мене ме убивте. Како дојрански комарец. Каква харизма, каква желба за живот, каква интерпретација, глума. Ме убивте“, изјави Милица.

Scroll to Top