Пејачката и диџеј Фани Христова пред некој ден објави фотографии додека вежба јога во домот. Таа веќе со години се занимава со јога и како инструктор по јога ни кажа дека тоа е една од работите што целосно ја исполнува и смирува.
Во време на полициските часови и карантинот останала во Скопје иако сите нејзини блиски се во Битола . Вели дека посветила времето на себе си и на својот внук, кој и е најмалиот ученик по јога во часовите кои ги држи, колективно или индивидуално. Вели, сега во време , кога сите студија, фитнес центри, вежбални се затворени и не може да се вежба, јога вежбите во природа, индивидулани, се иделно нешто за телото и умот.
“Целиов период, станувам рано наутро во 7 часот да завршам со моите ритуали, кафе, вежбање, медитација, туш и правец во природа. Работам индивидуални часови во природа. И, кога е времето е подобро можам и да вежбам во природа. За цело ова време внимавам а исхраната и задолжително денот го почнувам со омилениот пијалок за имунитет, чај од ѓумбир со свежо нане“,вели Фани за Репортер.мк.
Таа раскажа дека поради целата оваа ситуација со коронавирусот анксиозноста стана дел од секојдневнието кај луѓето, па како вели, кај некои повеќе е изразена кај некои помалку.
„ Стравот, анксиозноста, како да стана најголемиот непријател . Во ред е да се почитуваат мерките, да се грижиме за здравјето, но да не премине во секојдневна борба со стравот. Кога стравот владее рационалното размислување не функционира. Затоа мирот и сталоженсота се повеќе од потребни. Па на многумина јогата и медитацијата би им помогнала. Медитацијата за многумина кои не практикувале јога „им е само прекрстени нозе“, ама не е така . Во праксата медитација е нешто што те смирува, без разлика каде сте и тоа е индивидуално нешто. Се едно дали е слушање музика, читање, цртање, пешачење, уживање во звуците во природата“, вели Христова за Репортер.мк.
Еве и еден совет кој можеби некому ќе помогне, вели Фани :Доколку гледаме од јогистички пристап, а сепак немате искуство , доволно е да седете со исправен р’бет да ги затворите оците, да си пуштите музика која ве релаксира или ако сте во природа да уживате во звуците на природата и тишината барем 10 минути . Да се фокусирате на вашето дишење, за да внесете малку хармонија во душата. Со секое издишување да се ослободите од негативни мисли, емоции, настани кои ви будат немир. Исхраната е исто многу важен сегмент и со секој оброк важно е внесувањето на витамини, минерали како и конзумирање на термички необработена храна, зеленчук и овошје“, вели Фани за Репортер.мк.
Таа додава дека во ова време на панадемија, јогата помага во релаксација на умот и телото во комбинација со чај од ѓумбир и нане.
Александра Георгиев